Избрани овогодишните средношколци кои ќе поминат едномесечна пракса во медиум
Пет средношколци ќе имаа можност еден месец во летниот период да посетуваат пракса во неколку национални и локални медиуми: МТВ, ТВ 21, ТВ Тера, ТВ Феста и Кумановонјуз. Таму од прва рака ќе можат да се запознаат со начинот на работа, но и да го искусат новинарскиот занает.
Изборот на средношколци кои ќе посетуваат ваква пракса, оваа година се направи врз база на конкурс за најдобра идеја за изработка на медиумска содржина. Учениците кои аплицира претходно учествуваа на медиумските лаборатории „Новинарски спринт“ кои ги организираше Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС, во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.
Учесниците на овие четири работилници имаа можност од искусни новинари да научат како критички да пристапат кон информациите на кои секојдневно се изложени, како функционираат медиумите, како се создаваат вестите, но и самите се ставија во улога на новинари, вежбајќи да структурираат и обработуваат новинарски теми.
На новинарските спринтови оваа година учествуваа 97 средношколци од четири средни училишта кои беа избрани на отворен повикот и тоа од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ и СУГС Гимназија „Зеф Љуш Марку“ од Скопје, СОУ „Јосип Броз-Тито“ од Битола и СОУ „Перо Наков“ од Куманово.