Uncategorized @mk |

Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина (SHAPE)

feat-img

Младите за природата

Институтот за комуникациски студии (ИКС) во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД) во периодот од 2020-2022 година ќе го реализира проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“ (SHAPE) кој има за цел да им овозможи на граѓанските организации и младите луѓе од регионите со заштитено подрачје (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа), да стекнат знаења и вештини за заштита на животната средина.

Проектот предвидува повеќе активности за застапување и лобирање на политиката за зачувување, заштита и унапредување на квалитетот на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

ИКС и МЕД преку повик за партнерство помеѓу ГО и средните училишта ќе го поттикнуваат зајакнувањето на локалната соработка на засегнатите страни и ангажирањето на младите за почиста и поздрава животна средина. Избраните организации и училишта преку сет на обуки ќе учат како да ги развијат комуникациските вештини, да истражуваат врз база на податоци, да застапуваат и лобираат. За да ги реализираат овие активности, граѓанските организации ќе добијат грант од 5.000 евра и менторска поддршка од професионалните тимови на ИКС и МЕД.

Проектот предвидува и изработка на онлајн едукативни ресурси, обуки, еко-камп, теренски истражувања, кои треба да придонесат кон создавање модел на неформално образование што и во иднина ќе може да се користи во случај кога се прекршува правото на здрава животна средина.

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).