ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ПРЕДИЗВИК ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Носител на проектот: „Хорти Еко“- Струмица
Партнер во проектот: СОУУД „Димитар Влахов”- Струмица
„Хорти Еко“ со средното училиште „Димитар Влахов” од Струмица, ќе промовираат добри земјоделски практики во Струмичкиот регион и органски начин на земјоделско производство. Преку користење на биоразградлив растителен земјоделски отпад ќе се намали загадувањето врз животната средина, но и ќе се зголеми квалитетот на земјоделските производи, а со тоа и нивната побарувачка.
“ХОРТИ ЕКО” е граѓанска организација која работи на унапредување на земјоделското производство и подобрување на животниот стандард во руралните средини.
СОУУД ,,Димитар Влахов“ е основано како земјоделско училиштето во 1946 година, а првите работни денови ги започнува на 6 Ноември со 42 ученика. Оттогаш до денес во оваа училиште се образуваат и едуцира кадри за потребите на стопанството.
Контакт лице од организацијата:
Томе Тимов, 072 565 632; [email protected]
Контакт лице од средното училиште:
Ванчо Танев 071 667 664; [email protected]