РАЗМИСЛУВАМЕ ЗЕЛЕНО, ДЕЛУВАМЕ ОДГОВОРНО
Носител на проектот: Здружение Спортски Клуб „Клисура “- Демир Капија
Партнер во проектот: СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино
Спортскиот Клуб Клисура од Демир Капија во партнерство со Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино ќе застапуваат за решавање на проблемот со еколошката катастрофа во Демиркаписката Клисура предизвикана од градежниот отпад кој настана со изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Отстранувањето на неразградливиот отпад ќе значи заштита на Челевечка река и Демиркаписката клисура како и опстојувањето на рибниот фонд (бојник) кој живее таму, но и другиот специфичен животински фонд и вегетација.
Спортскиот Клуб Клисура е граѓанска организација основана од локални млади активисти и спортисти за промовирање на активен животен стил во областа на спортот на отворено, еко-туризмот и ангажманот на младите.
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ е изградено во 1991 година. Во моментов постојат четири видови на струки меѓу кои: гимназиско образование, билингвална паралелка, електротехничка струка и хемиско-технолошка струка. Со цел да се поврзе еколошката програма со наставниот процес, поголем број еколошки содржини од деветте еколошки теми се интегрирани во наставните и воннаставните активности.
Контакт лице од организацијата:
Стефанија Соколовиќ, 075 882 036; [email protected]
Контакт лице од средното училиште:
Александар Гичовски 075 283 794; [email protected]