Меѓународен проект Eднаква моќ на жените | Enakopravna moč ženskam,
ко-финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија
Во 9-тото и последно издание на е-магазинот „Еднаква моќ“, дознајте од Натали Цвикл Постружник за причината зошто настана овој проектот, за ефектите од една посета и проект спроведен во Африка на Маја Ахац од АДРА Европа, за успешната приказна на Венера Гелебешерва Крстиќ, енолог и сопственик на винаријата „Јостела“, за провокативниот напис на Сања Мештеровиќ и за многу други стории што може да ги прочитате на македонски, англиски и словенечки јазик.
Сè што е добро кратко трае
Сè уште, после толку многу години. Започна во 1909 година. Сто и десет години подоцна сè уште целиме кон зголемена еднаквост, сè уште зборуваме за проблеми во образованието, финансирањето, достапноста на ресурсите, родовите разлики во платите, итн. Како е ова можно?
Интересно е како одредени луѓе несвесно го допираат мојот живот и го менуваат засекогаш. Вајолет влезе во мојот живот на само еден час. Таа и нејзините зборови долго ја надживеаа нашата физичка средба, која се случи во еден жежок и спарен септемвриски ден, во едно зафрлено село во срцето на Африка.
Приказните од детството инспирација за сопствена винариja
Венера Гелебешева Крстиќ растела со мирисот на ферментирано вино во винарската визба на татко ѝ. Следејќи го своето животно мото „Среќен е оној што го работи тоа што сака“, таа се запишала на Земјоделскиот факултет во Скопје. По завршувањето на студиите останала да работи на Земјоделскиот факултет и се посветила на науката и изучувањето на грозјето. По цели седум години решила да работи во производство и од факултет заминала во винарија.
Дали стилот на лидерство ви е машки или женски? Не е важно – сè додека не се однесувате како гомнар!
Како што рече Роберт Сатон, професор на универзитетот Стенфорд, во својата книга “The No Asshole Rule”, „силеџиско однесување на работното место го влошува моралот и продуктивноста“. Се предлага правило да се исфилтрира токсичниот персонал – правилото за забрана на гомнари. Авторот инсистира на употреба на зборот гомнар, бидејќи другите зборови како силеџија или кретен „не пренесуваат ист степен на ужас“. На прашањето за употребата на зборот во насловот на книгата, тој рече: „Ваков безобразен наслов предизвикува емотивна реакција. Изборот што го имате е да бидете навредливи или игнорирани“.
Меѓународнiot проект Eднаква моќ на жените e ко-финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Содржината на информаторот ги претставува мислењата на авторите и не е официјален став на Владата на Република Словенија.