Uncategorised |

Средношколци готвеа на соларна енергија, неготинци дегустираа

Средношколци од четири класа од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино, на градскиот плоштад готвеа храна на соларна енергија. Настанот беше организиран во вид на натпревар меѓу учениците кои ги покажаа своите кулинарски вештини, а неготинците што беа во центарот на градот имаа можност и да ги вкусат средношколските специјалитети.

Натпреварот што се одржа во Неготино беше во рамките на проектот „Енпол-ЕЕ“, а целта беше да се покаже дека готвењето може да биде забавно ако се прави на отворен простор и ако се користат обновливите извори на енергија.