Медиумски објави |

МРТ: Ученици и наставници медиумски ќе се описменуваат

feat-img

Преку анимирани спотови неколку институции ќе спроведат проект кој ќе одговори како критички да се оценуваат новинарските содржини. Преку проектот ќе се обезбедат и информации за правата на детето…

Медиумска писменост, за кого и зошто е важна, како критички да се оценуваат новинарските содржини. Ова е главната цел на проектот што го реализираат повеќе институции. Ќе ги опфати учениците. Ќе се запознаат со начините како критички да ги анализираат понудените информации.

Изработени со анимирани спотови за повеќе возрасти, Освен на учениците, треба да им бидат од корист и на наставниците во основните и на професорите во средните училишта.

Меѓу другото, низ Проектот за медиумска писменост се обезбедуваат информации и за конвенцијата за правата на детето. Учениците треба да се запознаат со нивните права, со начините како истите да ги остварат, но и како да поднесат претставка до Народниот правобранител.

Ана Јосифоска- Тодоровска