Медиумски објави |

Нова Македонија: Амбасадорот Жбогар на медиумска работилница во Неготино

Во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа медиумска работилница на која учествуваа 60-тина ученици, претставници на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, претставници на весникот „Нова Македонија“ и претставници на Мисијата на Европска Унија во Македонија предводени од амбасадорот Самуел Жбогар.

Учениците со интервју на амбасадорот Жбогар ја започнаа работилницата која траеше неколку часа.

Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.