За Коалицијата
Коалицијата на медиумска писменост ја сочинуваат осум граѓански организации и осум медиуми кои преку заеднички иницијативи реализираат активности за промоција и унапредување на медиумската писменост. Коалицијата е основана во ноември 2016-та кога преку јавен повик се избраа осумте членови врз основа на предложените активности за едукација и промоција на медиумската писменост.
Доминираат иницијативи кои вклучуваат продукција на медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, едукација на младите за критичка перцепција на информациите и вештини за препознавање манипулација и лага, но и практикување професионални новинарски стандарди.
Тие тоа ќе го прават преку медиумска продукција, настани, кампањи, обуки за пристап, користење и креирање онлајн содржини кои ќе имаат крајна цел – поттикнување на активно граѓанство и учество на граѓаните во јавната сфера преку користење на медиумите.
Крајната цел на основањето на Коалицијата е да се поврзат граѓанските организации и медиумите заеднички да ја едуцираат јавноста како да се справи со мноштвото информации и вести, но и да ги поттикне граѓаните сами да креираат содржини употребувајќи ги медиумите како алатка за артикулирање на своите интереси и активно да учествуваат во јавната сфера.
Членови на Коалицијата
- Здружение за граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон во соработка со Сакамдакажам.мк
- Здружение за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Телевизија Плус Куманово
- Здружение за медиумска и комуникациска култуа и граѓански права Реформатор во соработка со 24 Вести Скопје
- Коалиција Сексуални и здравстени права на маргинализираните заедници во соработка со Телевизија 21
- Македонски институт за европски студии во соработка со радио Урбан ФМ
- Младински Културен Центар Битола во соработка со Тера ТВ Битола
- Национален младински совет на Македонија во соработка со Радио МОФ
- Специјална олимпијада Македонија во соработка со Македонска Телевизија
Грантистите беа избрани на јавен повик на којшто се пријавија 38 апликанти.
Финансиска и друга поддршка
За поуспешна реализација на избраните иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт за медиуми во текот на 2017-та година организираат:
- Сет од пет обуки за претставниците на медиумите и на граѓанските организации за основните концепти на медиумската писменост и за поуспешна комуникација со јавноста.
- Менторска поддршка при реализација на предложените иницијативи (јуни 2017- февруари 2018)
- Грант до 5.000 евра во денарска противвредност.
Приклучи се кон Коалицијата за медиумска писменост
Коалицијата е отворена и за други субјекти кои работат или пак имаат желба да учат и да ја унапредуваат медиумската писменост. Високата школа, заедно со своите партнери „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите, ги поканува граѓанските организации, медиумите, институциите, училиштата и сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон Коалицијата. Тоа може да го сторат со пријавување на онлајн формуларот.