Медиумски ден 2014
Медиумски ден 2014
Околу стотина средношколци ја осознаа и учествуваа во медиумската продукција на Македонската телевизија, Радио Метрополис и Сити Радио, Нова Македонија и Телеграф.мк. Средношколците ги посетија редакцијата, студиото и режијата кадешто се подготвуваат информативните емисии на МТВ, додека во вестите говорник беше средношколка и се емитуваше ТВ прилог изработен од средношколци. Во Радио Метрополис и Сити Радио учениците се вклучија во контактните програми во живо, а во весникот „Нова Македонија“ и веб порталот „Телеграф.мк“ дискутираа со уредници и новинари за тоа како се креираат медиумските содржини и за предизвиците во новинарството. Медиумите известуваа за цело време на Медиумскиот ден, а средношколците коментираа и споделуваа за настанот на Фејсбук страницата medium.edu.mk и на хаштагот на Твитер – #МедиумскиДен. Медиумскиот ден се организираше под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и имаше за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование.
Фејсбук и Твитер објави |
Галерија |
|||||||
|
|
|||||||
|
|
|||||||
|
|
Средношколски препораки:
Медиумски известувања:
Средношколците тешко разликуваат дали една вест е вистинска или „кромид“
Радио МОФ – 13.12.2014 |
||
Најмногу ни се допадна вашиот краен производ
Н.Македонија – 13.12.2014 |
||
Средношколците ги (де)конструираа медиумите со Телеграф.мк
Телеграф – 12.12.2014 |
||