Медиумски ден
Приклучете се на Медиумскиот ден на 7-ми декември
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите од Лондон на 7-ми декември 2016 година ќе организира Медиумски ден. Во текот на целиот ден, за учениците од средните училишта во Македонија се организираат посети по различни медиуми (електронски, печатени, онлјан) во Скопје и во другите градови низ земјата. Учениците, претставувани од свои професори, може да се пријават за учество на овој настан на [email protected] до 01 декемри 2016 година.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.