Uncategorised |

Корисни линкови

Европската комисија како извршно тело на Европската Унија ја препознава потребата за медиумска писменост како еден од главните фактори за економскиот развој и создавањето на работни места и преку својата програма Креативна Европа поддржува иницијативи за медиумска писменост, менаџира проекти и програми, спроведува истражувања и развива нови политики врз наоди на експертски групи.

УНЕСКО како една од најстарите светски организации ја препознава потребата за медиумска писменост уште во 1982 година со донесување на Декларацијата Грунвалд. Оттогаш УНЕСКО преку секторот за комуникации и информации работи на развојот и поттикнувањето на медиумската и информациската писменост. На овој сајт можете да најдете публикации, истражувања, програми за медиумска писменост и други едукативни материјали.

Националната асоцијација за едукација за медиумската писменост (NAMLE) е национална организација посветена на медиумската писменост како основна вештина за живот во 21 век. Асоцијацијата работи на развој на истражувачките навики и вештини за изразување на луѓето од сите возрасти. На овој сајт нуди анализи за медиумска писменост, корисни линкови, онлајн верзии на Журналот за едукација за медиумска писменост, публикации, стандарди и принципи за едукацијата за медиумска писменост.

Media Smarts е канадска непрофитна организација за медиумска и дигитална писменост, која работи на развивање на критичката мисла кај децата. На веб сајтот може да се најдат интерактивни содржини, публикации, основни информации за медиумски проблеми, извештаи од истражувања, ресурси за наставници и родители, онлајн туторијали на различни теми, како и игри за најмладите.

Светската асоцијација на печатени медиуми и новински издавачи (WAN-IFRA) им помагаат на медиумите, родителите и професорите да работат заедно кон вклучување на младите во граѓанското општество и создавање на писмена, општествено ориентирана генерација на читатели.

Порталот medijskapismenost.hr  кој е производ од кампањата на УНИЦЕФ и Агенцијата за електронски медиуми на Хрватска има за цел да ја подигне свеста за важноста од медиумското описменување на родителите и децата. Порталот е одличен извор на корисни едукациски совети и препораки за влијанието на медиумите врз децата, како да се заштитат децата на интернет, за препознавање на стереотипите и насилството во медиумите.

Блогот Digital Media and Learning Central претставува збир на слободни и отворени ресурси создадени од Digital Media & Learning Research Hub и е посветен на анализа и интерпретација на влијанието на интернетот, едукацијата за дигиталните медиумите и граѓанската вклученост.

The Journal of Media Literacy ги спојува размислувањата и искуствата главните пионери и практичари на медиумска писменост. На сајтот може да се најдат академски истражувања, содржини од новото издание на весникот, како и од содржини од минатите изданија.

Би-Би-Си училишниот извештај“ нуди голем број на едукативни ресурси за професори како и медиумски производи направени од ученици.

Don’t Buy It: Get Media Smart е веб сајт на медиумската писменост за млади луѓе кој ги охрабрува младите да размислуваат критички за медиуми и да станат паметни потрошувачите. Сајтот ги разоткрива маркетинг триковите на медиумите, нуди забавни содржини за млади како игри, квизови, нуди корисни совети за паметно купување, речник со медиумски поими, како и совети за родители и наставници.

Американската иницијатива поддржана од најголемите медиуми The News Literacy Project нуди кратки едукативни видеа, онлајн платформи за учење, блогови на кои можат да пишуваат наставници и ученици, наставни програми за медиумска писменост и други дополнителни ресурси.

Европска повелба за медиумска писменост постои за да ја поддржи ширењето на медиумската писменост во Европа. Со потпишувањето на Повелбата, организациите и поединците одобруваат специфична дефиниција на медиумската писменост и се посветат на активности кои ќе придонесат за нејзиниот развој.