Зошто е важно да се биде медиумски писмен?
Откривање делови од информацијата што не се кажани
Креирање и споделување сопствени медиумски содржини
Учествување во јавната сфера како активен граѓанин
Медиумската писменост и Европската Унија
Експертска група за медиумска писменост, што ја формираше Европската комисија ја дефинира медиумската писменост како:
„…способност за пристап, анализа и евалуација на моќта на сликите, звуците и пораките со кои сега секојдневно се соочуваме и кои се важен дел од нашата современа култура, како и компетентно комуницирање во медиумите достапни на лична основа. Медиумската писменост се однесува на сите медиуми, вклучително и на телевизијата и филмот, радиото и снимената музика, печатените медиуми, Интернетот и другите нови дигитални комуникациски технологии.
Целта на медиумската писменост е и да ја зголеми свеста за голем број форми на медиумски пораки со кои се среќаваме во секојдневниот живот. Истата треба да им помогне на граѓаните да препознаат како медиумите ги филтрираат нивните перцепции и убедувања, ја обликуваат популарната култура и влијаат на личните избори. Треба да им обезбеди вештини за критичко размислување и креативно решавање на проблеми за да станат разумни корисници и производители на информации. Медиумската едукација е дел од основното право на секој граѓанин, во секоја земја од светот, за слобода на изразување и право на информации и истата е клучна во градењето и одржувањето на демократијата“.
Поттикнување на критичкото мислење и јавниот интерес меѓу најмладите
Разбирање за тоа како медиумските содржини влијаат врз културата и општеството
Идентификување на маркетиншките и комуникациските стратегии
Европската повелба за медиумска писменост содржи дефиниција која ги надминува четирите компоненти и додава други аспекти како што е однесувањето на публиката за да се избегне навредлива или штетна содржина како и употреба на медиумите за практикување на правата на граѓаните:
- употреба на медиумските технологии на ефективен начин за пристапување до, складирање, повторно преземање и споделување на содржината заради исполнување на своите индивидуални потреби и интереси и потребите и интересите на заедницата;
- добивање пристап до, и донесување информирани одлуки за, широк опсег на медиумски форми и содржини од различни културни и институционални извори;
- разбирање како и зошто се произведува медиумската содржина;
- критичко анализирање на техниките, јазиците и начелата кои ги користат медиумите и
- пораките кои истите ги пренесуваат;
- креативно користење на медиумите заради изразување и пренесување идеи, комуникации и мислења;
- идентификување и избегнување или оспорување на медиумската содржина и услуги кои може да бидат непосакувани, навредливи или штетни; и
- ефективно користење на медиумите во примената на своите демократски права и граѓански одговорности.
Регулаторните власти кои започнаа со спроведувањето политики поврзани со поттикнување на нивоата медиумска писменост, користат и слични дефиниции кои ги вклучуваат четирите наведени елементи. На пример, Ofcom ја дефинира медиумската писменост како „способност за пристапување, разбирање и креирање комуникација во различни контексти“.
Медиумската и информациската писменост во фокусот на УНЕСКО
УНЕСКО посветува значајно внимание на развојот и поттикнувањето на медиумската писмесност. Напорите на оваа глобална организација имаат долга историја. За разлика од европското поимање на медиумската писменост, УНЕСКО го употребува терминот „медиумска и информациска писменост“.