Uncategorised |

Активности

feat-img

2016 година
 Project Information Sheet Building Trust in Media 001

Градење доверба во медиумите во ЈИЕ и во Турција
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е дел од проектот на УНЕСКО и на Европската Комисија, кој има за цел да ја зајакне слободата на изразување и слободата на медиумите во Југо-Источна Европа и Турција. Проектот трае три години, почнувајќи од 2016-та. Целта е да се врати довербата во медиумите преку почитување на професионалните новинарски стандарди и јакнење на само-регулаторните механизми во новинарството. Значителен дел од активностите во проектот се фокусирани на медиумската писменост. Освен Школата, во проектот се вклучени организации и факултети од регионот: Албанија, Косово, Србија, Црна Гора.

SLIKA1 

Глобална недела на медиумската и информациската писменост 2016
Високата школа се приклучува на Global MIL Week 2016, светскиот настан кој го организира УНЕСКО во партнерство со Алијансата на цивилизации при ОН за сестрано обележување на значењето на медиумската и информациската писменост. Д-р Жанета Трајкоска, предавач на Високата школа е член на Научниот комитет за избор на академски трудови што се формира секоја година кога се организира овој настан. Изборот на трудови е само еден од бројните активности кои ќе се случуваат од 30 октомври до 5 ноември 2016, неделата кога се слави значењето и важноста на медиумската и информациската писменост. Високата школа, во доследност на своите активности и неколкугодишното членство во МИЛИД мрежата на универзитети и ГАПМИЛ, се приклучува на повикот на организаторите, заеднички да се прослави овој меѓународен годишен настан, кој се одржува по шестти пат.

The Khanty Mansiysk Declaration web 001

Декларација за медиумска и информациска писменост за градење култура за отворено владеење
Македонија, претставувана преку Високата школа, е една од 50-те земји потписнички на Ханти-Мансисковата декларација за медиумска и информациска писменост за градење култура за отворено владеење, што се донесе на меѓународната конференција организирана од УНЕСКО ИФАП (Information For All Program) од 6-10 јуни во сибирската покраина Ханти-Мансиск во Руската Федерација.

2015 година
 Westminster Foundation for Democracy

Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права
Вестминстер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста од 2016-2017 година ќе го реализираат проектот „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“ кој има за цел да стимулира вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони, како резултат на низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието на РМ.

 logo logo

Е-PROFMAN
Високата школа заедно со своите партнери – Универзитетот за бизнис и применети науки ДОБА од Марибор, Словенија и Истанбул Универзитетот од Истанбул, Турција во 2015-тата почнаа да развиваат заедничка онлајн програма за професионален развој за Иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации Е-Профман (E-Profman).

2014 година  
 INFOCORE 350x161

INFOCORE
Во рамки на проектот INFOCORE, Високата школа ја истражува улогата на медиумите во алармирање или превенција, ескалација или деескалација, управување и решавање на насилен конфликт. INFOCORE обезбедува компаративна оцена на различни видови на медиуми, во интеракција со широк спектар на релевантни актери и поривање на различни видови на известувања за конфликти. Проектот се фокусира на три главни региони: Блискиот Исток, Западен Балкан и областа на Големите езера во Африка. Наодите од проектот се однесуваат на социјано интерактивниот процес на продукција зад создавањето на извештаите за конфликт, како и на динамиката на информации и значења кои се дисеминираат преку медиумите.

 gapmil full name colored500

Членство во GAPMIL
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста се приклучи кон Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy – GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН кои здружено работат во остварување на следната цел: промовирање меѓународната соработка преку која ќе им се овозможи на сите граѓани ширум светот да се стекнат со неопходната медиумска и информациска писменост. Овој тип писменоост посебно е насочен кон децата и младите, кои се ставени пред предизвикот и неизбежноста да се здобијат со нови знаења и вештини врзани за употребата на медиуми, информации, нови технологии кои интензивно се развиваат во 21-виот век.

 images

(Де)конструирај ги медиумите 2014
Американската амбасада во Скопје во 2014-та година делумно ја поддржа Високата школа во реализација на сет активности за промоција на медиумската писменост кај средношколците. Школата организираше конкурс за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“, обуки за фотографија, летен камп за медиумска писменост во Охрид, кој се заврши со емисија емитувана на локалната ТВ М, дебата меѓу средношколци и млади политичари и Медиумски ден.

2013 година   
 eflogo

(Де)конструирај ги медиумите 2013
Со делумна поддршка на белгиската фондација „Евенс“, Високата школа во 2013-тата реализираше повеќе активност фокусирани на поттикнување на медиумската писменост кај средношколците. Школата организираше 10 обуки за ученици во средните училишта во Скопје кои имаа за цел да ја развијат свеста кај тинејџерите за критичка перцепција на медиумските пораки. Освен тоа, учениците учеа како да пишуваат новинарски вести, со што се оспособуваа да пишуваат за средношколскиот весник „Медиум“. Во рамките на овој проект беа вклучени и професори по македонски јазик за да стекнат вештини за креирање училиштен онлајн весник.

 120209 unitwin es unaoc en

Членство во UNITWIN MILID Network
Високата школа пристапи кон Меѓународната мрежа на универзитети за медиумска и информациска писменост и меѓукултурен дијалог (UNITWIN MILID Network), основана од УНЕСКО И Алијансата на цивилизации при ОН. Во оваа мрежа, универзитети од целиот свет вложуваат свој академски придонес, истражувајќи ја улогата на медиумската и информациската писменост „како катализатор за граѓанско учество, демократија и развој; за промоција на слободни, независни и плурални медиуми; како и и влијанието на медиумската и информациската писменост во превенција и спречување конфликти и интеркултурни тензии“.

 Untitled 1

Креирање онлај ресурси за новинарско изразување
Подобрување на новинарските вештинии мултимедијални способности меѓу средношколците и производство на онлајн ресурси. Главните цели на овој проект се(1) да ги мотивира младите да читаат, пишуваат и да се изразат себеси за нивните теми на интерес, (2) да се поврзат новинарските секции во средните училишта нудејќи им професионална и техничка помош вообјавувањето на нивните училишни весници и (3) да се промовира новинарството како идна професија меѓу младите луѓе. Проектот го поддржа „Фондацијата: Медиуми и демократија“.

2012 – 2008 година  
 MEDIUM

Средношколски весник „Медиум“
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со дневниот весник „Нова Македонија“ во 2011 година почнаа да го печатат месечното издание на средношколскиот весник „Медиум“. Преку оваа активност учениците во средните училишта низ Македонија ги учат основните новинарски вештини, пишувајќи свои статии, колумни, интервјуа и други жанрови. Подготовката на содржините ја реализира и координира тим предавачи и студенти по новинарство на Високата школа, во соработка со професори од средните училишта и директно со самите ученици. Весникот е достапен и онлајн.

 izrazi se preku mediumit

„Изрази се преку медиумите“ – конкурст за најдобар средношколски медиумски производ
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста шест години по ред го организира конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Секоја година, средношколците од цела Македонија се натпреваруваат со есеј, постер, фото-приказна или едноминутно видео на различни теми. Најкреативните ученици беа наградени со стипендија за студирање на Школата, поддржана од медиумите со кои ВШ соработува.