Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ја промовираше Коалицијата за медиумска писменост, поддржана од Европската унија.

Повеќе...

Во Македонија медиумската писменост е непозната категорија е заклучокот од последниот истражувачки извештај „Медиумската писменост во Македонија: алатка што недостасува за активно граѓанство" како дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција на медиумска писменост".

Повеќе...

Конференција на тема „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“ се одржа во Скопје, во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и „Нова Македонија“. На конференцијата беа презентирани клучните наоди од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија низ призмата на средното образование, на граѓанскиот сектор и медиумите“.

Повеќе...

Додека во западните држави посветуваат огромно внимание на медиумската писменост како на релативно нов општествен феномен и тоа уште кај децата во основните училишта, кај нас тоа е речиси непознат термин, кој и ретко кој може да го објасни и да го детектира.

Повеќе...

И оваа учебна година продолжија работилниците во средните училишта на тема „Како се пишуваат новински вести?“ организирани од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“.

Повеќе...

За проектот

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и со дневниот весник „Нова Македонија“ во периодот 2016-2018 г. ќе го реализира проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“.

Повеќе

За весникот „Медиум“

„Медиум“, весникот на сите средношколци е плоштадот на слободата на младите луѓе. Средношколец си и сакаш да пишуваш во весник. Стани дел од редакцијата на првиот средношколски весник кој излегува еднаш месечно во „Нова Македонија“.

Повеќе

 
Адреса
ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 17/1-1, Скопје тел. 02 / 30 90 004