Продолжува повлекувањето на водата во Преспанското Езеро
Климатските промени не ѝ одат во прилог на Преспа. Езерото продолжува да се повлекува. Се потврдија предвидувањата на експертите дека нема брзи решенија за подобрување на состојбата. Потребни се долгорочни мерки од трите соседи: Македонија, Грција и Албанија. Мерната станица во Стење има потенцијал да прерасне во регионален центар, но e недоволно искористена. Навремениот мониторинг на квалитетот и на квантитетот на водата е прв чекор да разбереме што се случува. Од почетокот на годинава во редовните истражувања на биолозите, се вклучија и средношколци од ресенско.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.