Вести |

Средношколците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ учеа како да препознаваат дезинформации

feat-img

Зошто се важни медиумите? Што е вест, а што дезинформација? Како да ги препознаеме и каде да ги пријавиме дезинформациите? Ова се дел од темите на кои дискутиравме со четириесетина учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“ на медиумската лабораторија „Техники на новинарско пишување и препознавање на дезинформации“.

Исто така, средношколците учеа како се пишува вест според новинарските стандарди, а потоа пробаа и самите да одговорат на 5-те прашања што треба да ги има една вест. Потоа добија и втор предизвик вестите кои ги пишуваа да ги развијат во новинарски приказни.

Медиумската лабораторија е дел од проектот „Користи факти“, кој го спроведува Институтот за комуникациски студии, а финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.