Гуглај паметно |

Црно-бел свет

Повикувањето на авторитетни фигури особено на јавни позиции и толкувањето изјава како аргумент, кој е точен или вистинит е нормална појава за теоретичарите на заговори.

Тие најчесто веруваат во повеќе од една теорија на заговор, а едно од најчестите и највообичаени е дека малкумина ги оркестрираат сите работи во светот. Нешто налик на масони или некој ред на моќници.

Во третото видео од серијалот посветен на најпознатите теории на заговор, говориме за „Теоријата за „Големата замена“  – екстремно десничарска, која вели дека одредени елити преку оркестрирана миграција, имаат цел да ја истиснат и да ја заменат белата раса од Европа и САД.

Оваа теорија е расистичка и најчесто е поткрепена од десничарските, радикални националистички движења во државите од ЕУ и САД. Иако оваа теорија своите корени ги има во почетокот на 20 век и книгите на францускиот националист Морис Барес, фразата се поуларизира во 2011 година од францускиот писател и критичар Рено Ками со есејот со наслов „Le Grand Remplacement“ („Големата Замена“) во 2011 година. И овој пат нагласуваме дека сè во ова видео е измислено, со цел да се претстави една теорија на заговор и да се укаже на наратив кој може да стане опасен за општеството.

Поврзани стории: