Вештачката интелигенција е реалност
Придобивка од социјалните мрежи е брзото ширење на информациите, но ова има и своја друга, лоша страна – брзо ширење и на дезинформациите.
Постојат повеќе начини како да се детектира дали некоја вест е генерирана или природна, дали се работи за лажни наративи. И тука почнува вечната борба меѓу оние ги создаваат лажните вести и оние кои се обидуваат да ги детектираат.
Тука се поставува прашањето: Кои се тие модели за генерирање информации и како се содаваат? Гласовни, сликовни, видео модели – сите на различен начин можат да се злоупотребат за да се измами јавноста: да се подметне изјава која не е изговорена, да се направи фотографија која е нереална и да се креира настан кој не се случил. Од нашите соговорници, професорите од ФИНКИ Иван Чорбев и Петре Ламбески и експертот по нови технологии Стефан Палитов, дознаваме како вештачката интелигенција може да се употреби корисно и како да се избегне опасноста да с еизгуби целосната доверба во се што ќе прочитаме, слушнеме или видиме.