Вести |

Медиумски ден 2017

feat-img

Над 100-тина средношколци од 11 училишта од цела Македонија посетија вкупно седум електронски, печатени и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово. Овие посети ги организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамки на третиот Медиумски ден што се одржа на 6-ти декември 2017-та. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Учениците и професорите од гимазиите „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, „Кочо Рацин“ од Велес, „Ј. Б. Тито“ и „Јане Сандански“ – Битола, „Кочо Рацин“ – Св. Николе, „Никола Карев“ – Скопје, „Орце Николов“ – Скопје, „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, „Перо Наков“ од Куманово и „Ј. Б. Тито“ од Скопје ги посетија следните медиуми: дневниот весник „Нова Македонија“, Јавниот сервис МРТ1, „ТВ 21“ од Скопје, „Тера ТВ“ од Битола, „ТВ Плус“ од Куманово, новинската агенција „Макфакс“ и Радио МОФ.

По завршувањето на посетите, учениците го проследија предавањето за „Тајните на видео-индустријата“ на битолскиот креатор на видео-игри Петар Котевски кој повеќе од две децении е вклучен во оваа дејност.

Ова е трет Медиумски ден што го организира Високата школа, а прв пат воспоставен во 2014. Оваа и минатата година иницијативата се спроведува во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.

За да видите повеќе слики од настанот, кликни тука