Вести |

Еден поинаков „8 Март“ во „Орце“ 

feat-img

Под мотото „Сподели радост за родова еднаквост“ учениците од гимназијата „Орце Николов“ – Скопје го одбележаа празникот на жената. Со поинаков пристап во борбата против стереотипите во училиштата, тие упатија апел до соучениците и младите дека општеството се менува, вклучувајќи ја практиката на прославување на овој празник. Најнапред во училиштето, преку активизам за поддршка, а потоа и меѓу граѓаните – тие пренесоа дел од своите идеи за подигнување на свеста за важноста на овој ден.

„Сакаме да испратиме пораки за промена на односите во општеството и во семејството. Ова е наш повик за надминување на наметнатите модели за „машкиот“ и „женскиот“ свет. Заеднички одлучуваме и креираме иднина со еднаков пристап и прифаќање на родовите и општествените улоги. Сите можеме да помогнеме, треба само да сакаме да го (на)правиме тоа.“, велат средношколците од „Орце“.