d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

ААВМУ основаше мрежа за медиумска писменост

Вкупно 35 високообразовни институции, институции, медиуми и граѓански организации потпишаа пристапници кон т.н. Мрежа за медиумска писменост што ја основаше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Меѓу нив е Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Целта на Мрежата е да се унапредува соработката меѓу различните субјекти во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Актот за формирање ги дефинира обврските кои ги имаат сите чинители кои членуваат во Мрежата, додека пак АВМУ ќе ја промовира Мрежата и преку други средства за промоција (посебна веб страница, квартален билтен). Високата школа и Институтот за комуникациски студии се единствените високообразовни институции кои се дел од Мрежата.

Основањето на мрежата го поддржа и Делегацијата на ЕУ, на кое евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека медиумската писменост е особено важна за здрава демократија и за медиумските слободи и плурализмот, но и за развојот на критичкото размислување на граѓаните.

Како дел од активностите за обезбедување на поголема видливост на Мрежата и нејзината кауза, АВМУ ќе испраќа различни промотивни материјали до медиумите и други партнери со кои ќе ја подига свесноста на јавноста за важноста на медиумската писменост. Во нив ќе бидат вклучени и неколкуте едукативни видеа за медиумска писменост кои ги изработи Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Автор на фотографиите е фоторепортерката од весникот „Нова Македонија“, Маја Јаневска.