Вести |

Демиркаписката клисура по избори ќе моли за стариот сјај

feat-img

 

Изградени 28 километри автопат за брзо спојување со омилени дестинации, но значи ли тоа дека се оддалечивме од природата? Автопатот Демир Капија – Смоквица го доби својот лик, но „под тепих“ го стави целиот шут што остана. Спортисти од качувачки тимови се загрижени што нивната Демиркаписка клисура го изгуби својот сјај откако тони шут завршија таму. Природата секој ден ја открива „шминката“ и го вади сиот шут кој набрзина бил само потрупан. Пластични цевки ја прекинаа Челевечка река, стотици риби го изгубија своето живеалиште, а реките пресушија. Се чекаат локалните избори за новите власти да ја разгледаат состојбата.