Вести |

Демиркаписката клисура почнува да дише

feat-img

Челевечка река ослободена од цевки, околината се чисти од платна и метални прачки. Демиркаписката клисура почнува да дише. Кога го посетивме во август, местото личеше на депонија на градежен материјал. Седум месеци по првиот повик на Спортскиот клуб „Клисура“, со упорност, активирање на медиумите и притисок од јавноста, грчката фирма „Актор“ која ја градеше делницата од автопатот „Пријателство“ се врати да ја заврши работата. Работа има уште, а доаѓањето на зимата не им оди во прилог на машините со кои се работи, но локалните власти тврдат оти ќе ја завршат работата до крај. Градоначалникот со план, по расчистувањето да го направи местото посакувана туристичка дестинација.

Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски