Вести |

ИКС и Делегацијата на ЕУ со онлајн дебата ја одбележаа Европската недела на медиумска писменост

feat-img

 

Дигиталните вештини се нужност и се исто толку важни како што е важно читањето, пишувањето, зборување и разбирањето. Ова е еден од заклучоците на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што на 24 април 2020 г. ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската комисија во земјава како завршен настан од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/-на“ со кој се одбележи Европската недела на медиумска писменост 2020.

Амбасадорот Самуел Жбогар посочи дека Европската комисија, свесна за неизбежноста и можностите на дигиталните технологии, го развива Единствениот дигитален пазар каде луѓето и бизнисите од сите земји-членки подеднакво и во фер услови можат да се натпреваруваат. Со цел да се искористи сосема потенцијалот на заедничкиот дигитален пазар, граѓаните на ЕУ, исто така, ќе треба да ги развијат дигиталните вештини.

Средношколците посочија дека новата ситуација поради пандемијата, ги стави на тест дигиталните вештини и кај учениците и кај професорите. Кризата и онлајн наставата ги покажаа слабостите за техничка опременост на училиштата, но и потребата за дообуки на наставниците. Учениците апелираат наставниците да го сменат актуелниот начин на предавање и оценување, бидејќи сѐ уште се присутни методите од класичната настава:  пишување домашни работи, фотографирање и оценување. На ваков начин, учениците се демотивирани и лесно го „заобиколуваат“ системот.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми кажа дека е свесен за недостатоците и дека еден од приоритетите е адаптација на образовниот процес за вакви услови. Посочи дека онлајн наставата е единствено решение кон кое се прилагодиле и покрај затекнатоста од новата ситуација. Тој укажа дека во иднина треба да се работи на надградба на образовните процеси за вакви ситуации.

Освен потребата за нови дигитални вештини, учениците, професорите и новинарите кои работеа новинарски приказни во рамки на конкурсот „Биди медиумски активен/на“, посочија дека стекнале новинарски вештини кои се дел од медиумската писменост. На конкурсот пристигнаа 61 апликација од вкупно 27 средни училишта и 36 медиуми. Од нив, беа избрани шест тимови од средношколци и новинари: ПСУ САБА од Скопје соработуваше со Радио Слободна Европа, СОМУ „Гостивар“ со ТВ Алфа, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп со ТВ 24 Вести, СОУ „Богданци“ со ТВ Вис, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола со ТВ Тера и СОУ „Исмет Јашари“ – Липково со дневниот весник Коха.

 

Дел од излагањата на говорниците:

 

Самуел Жбогар,
амбасадор на Делегација на ЕУ во Р.С.М. 
Жанета Трајкоска,
директорка на ИКС 

Ана Марија Наумовска,
ученичка во гимназија „Ј.Б. Тито“ Битола
Арбер Адеми,
министер за образование и наука

 

Види повеќе инфо за Биди медиумски активен/на.