Информативна онлајн средба и практична работилница за средношколци за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) во соработка со Делегацијата на ЕУ во рамки на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2020 ќе одржи информативна онлајн средба и практична работилница за средношколци на 1 март 2021 година, во 19:00 часот.
На презентацијата учесниците ќе може да се информираат за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учеството и освојувањето на наградата. Исто така, ќе биде објаснето како учениците да најдат книга или дел од книга што ги исполнува критериумите за конкурсот и од која ќе треба да преведат меѓу 15 и 20 страници. На средбата ќе слушнат искуства и совети од искусни книжевни преведувачи за стапиците во преводот и на што треба да внимаваат при преведувањето.
По презентацијата и дискусијата, учесниците ќе имаат можност да преведат текст во координација со искусен преведувач од конкретната јазична комбинација што тие ја избрале.
Заинтересираните учесници може да се пријават за учество на средбата и работилницата на следниот формулар https://forms.gle/nNJvK8aZenxPmq7P6
Повеќе за конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2020 прочитајте на следниот ЛИНК