Вести |

Како до подобра интеракција со публиката?

feat-img

Вработени во медиумите кои се членови на Коалицијата за медиумска писменост се обучуваа како стратешки да ја планираат дигиталната комуникација со публиката.

Обуката за стратегиски дигитални комуникации беше четвртата од вкупно пет обуки наменети за граѓанските организации и нивните медиуми парнери, што ги реализираат Високата школа во партнерство со Институтот за различности во медиумите (ИРМ) од Лондон.

Веб-администраторите и лицата одговорни за социјалните мрежи на осумте медиуми-партнери практикуваа нови, креативни начини за онлајн пренесување на информативните содржини. Учесниците работеа на оптимизација на пребарувачи и социјални мрежи, онлајн адаптација на содржини од традиционалните медиуми, употреба на маркетиншки алатки, верификација на вести и извори, онлајн комуникација со публика и сл.

Предавачи беа Даница Даша Илиќ од ИРМ од Лондон и Дарко Булдиоски од NewMedia.mk од Скопје.

Во мај ќе се одржи последната работилница на која ќе учествуваат претставници и од медиумите и од граѓанските организации со цел детално планирање на иницијативите за промоција на медиумската писменост, кои впрочем се дел од Коалицијата.

Повеќе фотографии од настанот