Вести |

Конференција за медиумска писменост

feat-img

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференцијата „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“ којашто ќе се организира на 27 септември (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 – 14.00 часот.

На конференцијата ќе се презентира извештајот од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во истражувањето учествуваа ученици и професори на средни училишта, медиуми, претставници на граѓанскиот сектор и на институции чија надлежност е во корелација со темата. Извештајот преставува само еден сегмент од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање коалиција за медиумска и информациска писменост“, којшто го финансира Европската Унија.

Врз основа на наодите во извештајот се развиени критериумите за доделување грантови на граѓанските организации во земјата, кои во партнерство со медиумите, следниот месец треба да предложат иницијативи за едукација и јакнење на свеста за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на интересите на граѓаните. Грантови се обезбедени за осум граѓански организации, кои заедно со своите медиуми-партнери ќе бидат основачи на Коалицијата за медиумска писменост. Повикот е во тек и за него ќе се дискутира на настанот.

Обезбеден е превод на албански и на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се покриени патните трошоци. Настанот ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг, достапен на: www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk.

Ве молиме, Вашето присуство на конференцијата да го потврдите најдоцна до 23-ти септември (петок), до 12 ч. на тел. 02/30 90 004 или на е-маил: [email protected]. Лице за контакт: Лејла Шабан. Агендата за настанот е во прилог. 

agenda agendaen