Вести |

Македонија учествуваше на УНЕСКО-ва конференција за медиумска и информациска писменост

feat-img

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја претставуваше Македонија на меѓународната конференција „Медиумска и информациска писменост за градење култура на отворено владеење“, што ја организирање УНЕСКО ИФАП (Information For All Program) од 6-10 јуни во сибирската покраина Ханти-Мансиск во Руската Федерација.

На овој настан се дискутираше за два основни приоритета кои се врзани со развојот на новите технологии и промовирањето на активното граѓанство: (а) да се зајакнуваат и унапредуваат информациските и медиумските вештини на граѓаните со цел тие да можат активно да делуваат во современата средина, и (б) неопходност за создавање услови и механизми на ефективен фидбек од страна на јавните институциите и владите за да одговорат на граѓанските иницијативи и потреби. Вториот приоритет, беше нагласено на конференцијата, може да биде постигнат преку градење отворени системи на владеење и управување.

Конференцијата имаше четири основни цели:

– развивање и унапредување на меѓународната политика на УНЕСКО во сферата медиуската и информациската писменост во однос на проблемот за градење отворено владеење;

– дефинирање на концептуалната рамка за градење култура за отворено владеење;

– идентификување и пренесување меѓународно искуство за функционирање на отворено владеење;

– овозможување адаптација на наставни програми во образованието за медиумска и информациска писменост. На конференцијата се поднесе предлог Декларација за медиумска и информациска писменост за градење култура за отворено владеење, која што посебна експертска група треба да ја доработи во текот на летото.

На оваа конференција учествуваа 110 преставници од 50 држави. Македонија, на покана на националната комисија на УНЕСКО, прв пат учествуваше на меѓународен настан кој на ваков начин ја третира медиумската и информациската писменост.