Вести |

„Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост претставени во Сараево

feat-img

Средношколскиот весник „Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост основани од Високата школа беа претставени на еден од најзначајните европски настани за медиумска писменост во Европа Media Meets Literacy што се одржа од 18-21 септември во Сараево.

Александра Теменугова во името на Школата говореше за улогата на медиумите како (не)етички модел за унапредување на медиумската писменост кај својата публика, осврнувајќи се на локалниот контекст.

Ова е втора конференција во организација на белгиската фондација Евенс, која годинава освен од Европската Комисија (ЕК), беше поддржана и од фондацијата Конрад Аденауер и сараевскиот Медиа Центар. Годинешната тема „Информирање, дезинформирање, граѓански компетенции: истражување на предизвиците во светот на медиумите кој брзо се менува“ беше доволно провокативна да привлече повеќе од 200 учесници ширум светот.

В воведното излагање на организаторот, Паоло Цезарини од ЕК истакна дека медиумската писменост никогаш не била поважна од сега, со оглед дека социјалните мрежи сега се главен извор на информирање на граѓаните, додека Моник Канто-Спербер од Еванс фондацијата нагласи дека е исклучително важно да се работи на развивање на критичкото мислење на граѓаните. Посебно внимание привлече излагањето на рускиот истражувач и писател Евгениј Морозов, кој говореше за пост-вистината како производ на капитализмот на интернет платформите, заговарајќи одговорно користење на податоците со цел за унапредување на комуникацијата во општеството.

На конференцијата учествуваше и Рене Хобс, реномирана професорка од Универзитетот Роуд Ајланд – САД и основач на www.mediaeducationlab.com.