Вести |

„Медиум“ се вклучува во кампањата против дезинформации

feat-img

„Медиум“ се приклучува во „Неделата против лажните вести“, кампања за борба против дезинформациите што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организира втора година по ред.

Во низата активности и настани, предвидени се две работилници за медиумска писменост и  детектирање манипулации во медиумите за средношколците од СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје.

Исто така, „Медиум“ на 30 октомври ќе го реализира петтиот Медиумски ден, кога над 130 ученици ќе посетат десетина медиуми во земјава со цел да се запознаат со нивната работа. По посетите во медиумите, учениците ќе го интервјуираат Претседателот Стево Пендаровски кој се приклучи на кампањата за почиста животна средина на ИКС Не игнорирај! Реагирај!

Види како изгледаше ланскиот Медиумски ден