Медиумска лабораторија во „Зеф Љуш“
40-тина ученици од прва, втора и трета година од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје учествуваа на 13-тата медиумска лабораторија на иницијатива на Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и Нова Македонија како дел од нивните активности за промоција на медиумската писменост.
За време на неколкучасовното интерактивно предавање, учениците се запознаа со основите на новинарската професија, етички дилеми со кои секојдневно се сретнуваат новинарите, начинот на функционирање на една редакција на печатен медиум. Учениците и самите се ставија во улога на новинари, испробувајќи се во пишување вести, а се договорија и неколку интервјуа и извештаи кои ќе се објават во средношколскиот весник „Медиум“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.