Медиумски ден 2019 во две минути
Вкупно 172 средношколци од 14 училишта од целата држава учествуваа на Медиумскиот ден што го организираше Институтот за комуникациски студии. На 30 октомври средношколците посетија вкупно осум национални и локални медиуми кои се старо-нови домаќини на оваа традиционална иницијатива, што се случува петта година по ред. Учениците се запознаа со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди. Медиумскиот ден заврши со интервју со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој ги прими 70-те средношколци како дел од неговата поддршка на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со поддршка на Британската амбасада.
Годинешниот #Медиумски ден на ИКС се вклопи со Деновите на медиумска писменост што го организира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.