d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

„Медиумски ден“ на ИКС по шести пат

На 30 септември (петок), Институтот за комуникациски студии ќе го организира шестиот Медиумски ден. Околу 130 ученици од 13 училишта ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис кои се традиционални домаќини, и ТВ Сител и Медиумската информативна агенција (МИА) кои прв пат ќе се приклучат на традицијата.

На Медиумскиот ден учениците ќе се запознаат со работата на новинарите, ќе видат како функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но и ќе дознаат како медиумите се справуваат со дезинформациите. По посетите на медиумите, средношколците ќе учествуваат на дебата за заштита од дезинформациите на социјалните мрежи коишто ги користат.

На овогодинешниот Медиумски ден ќе учествуваат средношколци од вкупно десет градови: „Ванчо Прке“ – Виница, „28 Ноември“ – Дебар, „Гоце Делчев“ – Валандово, „Богданци“ – Богданци, „Јосиф Јосифорвски“ – Гевгелија, гимназијата „Ј. Б.-Тито“ од Битола, „Јане Сандански“ – Струмица, „Кочо Рацин“ – Велес, „Зеф Љуш Марку“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ од Скопје, СЕПУ „Перо Наков“ и гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово.

Медиумскиот ден можете да го следите на социјалните мрежи преку хаштазите #КористиФакти и  #МедиумскиДен2022.

Годинашниот медиумски ден, ИКС го организира во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.