Вести |

Медиумски писмена публика препознава професионални медиуми

feat-img

Со осуда за нападите врз новинарите во законодавниот дом, се одбележа светскиот ден на слободата на медиумите. На дебатата што на 3 мај ја организираше Делегацијата на Европската Унија во земјава, евроамбасадорот Самуел Жбогар побара сторителите да бидат изведени пред правдата. Тој, исто како и неговата колешка Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ истакнаа дека слободата на медиумите е неопходна за здрава демократија и дека се потребни итни реформи во овој сектор.

„Само свесна публика може да ги осуди медиумите кои лажат, манипулираат и работат во име на политички или други центри на моќ“ – рече Александра Теменугова во своето излагање посветено на значењето на медиумската писменост.

Таа истакна дека само активна и свесна публика може да создаде условинепрофесионалните медиуми да бидат маргинализирани и без влијание во јавната сфера и дека медиумската писменост е есенцијална за Република Македонија, бидејќи сите ние сме сведоци на штетата што континуирано со години наназад ја прават со години во централните вести и другите информативни програми.

На настаноту учествуваа претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Македонскиот институт за медиуми, Центарот на граѓански комуникации, Здружението на новинарите на Македонија Синдикатот на новинари и медиумски работници и претставници на медиумите.