Никој не е заштитен од дезинформации
Сите, од најмлади до највозрасни, сме подложни на дезинформации. Но, трикот е како во таа суптилна пропаганда да се дојде до вистинската информација и најважно, како да се заштитиме од дезинформациите. За ова дискутиравме на втората работилницата која Институтот за комуникациски студии ја организираше за членовите на здружението на пензионери на Општина Штип.

На информациите кои ни се сервираат секојдневно да се пристапува со резерва, да се информираме од кредибилни медиуми, а тоа значи да се провери дали медиумот има импресум, дали зад текстовите стојат автори, а не анонимуси, да не се читаат само наслови, да не се потпаѓа на кликбејтови – се само дел од препораките од обучувачите Јасмина Миронски и Мартин Пушевски.
Работилницата е организирана во рамки на проектот „Користи факти“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.