d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Новинарски спринт: Динамична пракса за средношколци во медиуми

Охрабрете ги средношколците да ги обработат темите што најмногу ги интересираат и засегаат преку мејнстрим медиумите. Пријавете го вашето училиште да учествува во „Новинарски спринт“ кој го организираат Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“. Новинарскиот спринт претставува динамична пракса за средношколци во медиуми во која ќе стекнат вештини за медиумска продукција и ќе креираат и промовираат содржини што ги одразуваат интересите на младите луѓе.

Како изгледа „Новинарски спринт“?

ИКС ќе креира програма и ќе спроведе еднодневна медиумска лабораторија во соработка со средното училиште која ќе се реализира во училиштето пред завршувањето на тековнава учебна година т.е. пред 10-ти јуни 2022 год. Училиштето треба да покаже интерес и да реализира активности за подобрување на вештините на средношколците за медиумска продукција, зајакнување на нивното критичко размислување и изразување за различни прашања, како и за нивно ангажирање во (вон)наставните активности.

Медиумските лаборатории ќе бидат водени од реномирани новинари кои преку нивни практични совети ќе пренесат како навремено да се создаде привлечна и професионална медиумска содржина, кои се дневните рутини во новинарските редакции, но и кои се предизвиците со кои се соочуваат медиумските професионалци. Средношколците ќе ја разберат важноста на новинарството и ќе знаат како да ги користат медиумите и да ги пренесат сопствените мислења преку продуцирање на содржини наменети за млади луѓе.

По медиумската лабораторија, секој ученик треба да испрати тема која смета дека треба да е застапена во медиумите и да наведе како таа медиумски да се обработи. Ученикот/чката може да даде предлог за изработка на различен медиумски производ: мултимедијален производ, ТВ прилог, видео поткаст, видео за социјални медиуми и сл.

Четворица средношколци, чии предлози ќе бидат избрани за најдобри, ќе бидат наградени со едномесечна пракса во национален медиум во Скопје (ТВ или онлајн портал) во текот на летните месеци. За овие ученици/ученички ИКС ќе обезбеди  покривање на трошоците за извршување на праксата. За време на праксата, практикантите ќе работат под менторство на новинари и ќе научат повеќе за продукцијата на вести и работата во новинарска редакција. Заедно со новинарот-ментор, ќе планираат и произведуваат новинарски содржини за млади што ќе се емитуваат на медиумот и на неговите социјални платформи. Наградените средношколци ќе треба да обезбедат писмена согласност од родител/старател за извршување на едномесечната пракса во медиумите.

Сите останати учесници ќе добијат сертификати од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС за учество во медиумската лабораторија.

Како да го пријавите вашето училиште?

Во име на средното училиште, се пријавува професор/професорка кој/а ќе биде вклучен/а во развивањето на програмата за медиумската лабораторија во соработка со ИКС и одговорен/на за координацијата за нејзиното спроведување. За ангажманот на професорот/професорката е предвиден паричен надомест во износ од 4.000 денари и сертификат за учество. Од исто училиште може да се пријават повеќе професори/професорки, но ќе се избере само еден/на.

Пријавувањето се врши најдоцна до 16ти мај (понеделник) 2022 година, со пополнување на ОНЛАЈН ПРИЈАВА.

Кои се критериумите за избор на училиштето?

ИКС ќе избере 4 средни училишта во кои ќе се реализира по една медиумска лабораторија и од каде ќе се изберат најдобрите средношколци кои ќе бидат наградени со платена едномесечна пракса во медиум.

Следните критериуми ќе се сметаат за предност при селекцијата на средните училишта:

  • да има претходно искуство со активности наменети за зголемување на медиумската писменост кај учениците и развивање на нивните вештини за критичко размислување или за продукција на медиумски стории;
  • да има постоечки училишни групи/секции за литература и пишување, новинарство, драма, уметност, дебата или сл. преку кои го поттикнува ангажманот на средношколците и со кои може да се пријави на „Новинарскиот спринт“;
  • да има точен број на средношколци кои активно се вклучени и учествуваат во медиумски, новинарски или други секции или проектни активности на училиштето кои би биле заинтересирани да учествуваат во медиумската лабораторија и да пријават идеи/теми за едномесечна пракса во медиумите и
  • да покаже спремност да ја организира училишната настава или воннаставната активност за реализирање на медиумската лабораторија во училиштето.

Лице за контакт
Моника Аксентиевска, програмски асистент, Институт за комуникациски студии [email protected]; 070 281 654