Вести |

Обука за медиумска писменост

feat-img

Претставници од 8 граѓански организации учествуваа на првата обука за медиумска писменост. Учесниците се запознаа со основните концепти за деконструкција на медиумски содржини, комуникација со граѓани преку развивање пораки и употреба на различни комуникациски алатки, кои ќе им бидат неопходни за да ги спроведат своите проекти како членови на Коалицијата за медиумска писменост.

Ова е прва, од вкупно петте обуки што ги реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон, во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: коалиција за медиумска и информациска писменост“, финансиран од Европската Унија.