Вести |

Обука за стретегија за дигитални комуникации

feat-img

Преставници на осумте граѓански организации кои се членови на Коалицијата за медиумска писменост учеа како да планираат и спроведат стратегија за дигитални комуникации. Знаењата и практичните задачи што ги добија на тродневната обука во февруари, им се потребни на граѓанските организации за да ги реализираат своите иницијативи за медиумска писменост.

Тренери беа Дарко Булдиоски и Даша Илиќ од Институтот за различности во медиумите од Лондон. Ова е втора од вкупно петте обуки за невладините организации и за нивните медиумски партнери во рамки на Коалицијата за медиумска писменост. Оваа Коалиција ја основаше Висока школа за новинарство и за односи со јавноста во ноември 2016, во рамки на ИПА проектот што го финансира Европската Унија.