Организиравме медиумска лабораторија во Велес
Четвртата по ред медиумска лабораторија, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и „Нова Македонија“ ја организираа во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес.
На неколкучасовната работилница учениците дознаа како се пишуваат вести, како работи една редакција, како се прави селекција на содржините и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести.
Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Школата и дневниот весник секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Работилниците се организираат на месечно ниво. Ги повикуваме средните училишта кои се заинтересирани да бидат домаќини да се пријават на интернет-адресата [email protected]

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.