d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Повеќе од 140 средношколци ѕирнаа во работата на новинарските редакции

Застанаа пред ТВ-камерите, седнаа „да водат вести“, ја почувствуваа и магијата на радиото, а најважно од сè видоа како функционира еден медиум. Вака помина шестиот Медиумски ден, во организација на Институтот за комуникациски студии. Средношколците се запознаа со основите на новинарската професија, темпото на работа во редакциите, техничките побарувања на различните медиуми, но добија и корисни совети од искусни новинари и уредници. Фокусот на дискусијата со учениците беше ставен на дезинформациите и начинот на којшто информациите се филтрираат и проверуваат, а потоа се објавуваат како вести.

По посетите на медиумите, средношколците дискутираа за дезинформациите на социјалните мрежи, а новинарот Васко Маглешов со нив сподели примери на видови медиумски манипулации, опасностите кои демнат во дигиталниот свет, но и совети како да се заштитат од нив.

На Медиумскиот ден, учествуваа повеќе од 140 ученици од 13 училишта коишто ги посетија Македонската радио телевизија, Медиумската информативна агенција (МИА), Радио МОФ, ТВ Сител, ТВ 21, ТВ Вис, ТВ Тера, ТВ Плус.

На овогодинешниот Медиумски ден учествуваа средношколци од вкупно десет градови: „Ванчо Прке“ – Виница, „28 Ноември“ – Дебар, „Гоце Делчев“ – Валандово, „Богданци“ – Богданци, „Јосиф Јосифорвски“ – Гевгелија, гимназијата „Ј. Б.-Тито“ од Битола, „Јане Сандански“ – Струмица, „Кочо Рацин“ – Велес, „Зеф Љуш Марку“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ од Скопје, СЕПУ „Перо Наков“ и гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово.

Настанот се организираше во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“, кој го спроведува Институтот за комуникациски студии, а финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.