d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Повик: Работилница за филмска монтажа

Тема: Видео монтажата како алатка за менување на контекст

Терминот јукстапозиција значи поставување на две нешта едно до друго со што се произведува ново значење на нештата. Во филмската уметност тоа се користи во монтажата уште од самите почетоци на оваа професија – со лепење еден до друг два кадра кои произведуваат нова емоција или нова мисла кај публиката.

Што ќе научиш?

  • Да создаваш различни значења од истиот снимен материјал единствено преку процесот на монтажа;
  • Да разбираш како медиумите и филмот можат да влијаат врз публиката;
  • Да го користиш визуелниот јазик правилно и креативно;
  • Да ги препознаваш суптилно испратените пораки во медиумите и филмовите;
  • Да развиеш основни вештини за снимање и видео монтажа.

Теми:

  • Куса историја на монтажа;
  • Создавање сценарио и размислување во слики како да се раскаже;
  • Снимање според подготвеното сценарио;
  • Монтирање на снимениот материјал;
  • Проекција на снимените производи и јавна дискусија.

Времетраење: 5 дена по 2 часа

За време на работилницата, во тим со други учесници, ќе треба да изработиш кус филм (<5 мин.) кој во себе ќе содржи две различно измонтирани верзии на истиот материјал и ситуација. Преку овој филм, ќе треба да се покаже како преку различна јукстапозиција се менува значењето на снимките.

Најдобриот производ од работилницата ќе биде награден, а сите учесници ќе добијат сертификати.

Пријави се и избери ја работилницата „Филмска монтажа“ со пополнување на ОВАА ПРИЈАВА.

Работилницата се организира од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“.