Вести |

Повик: Работилница за фотографија

feat-img

Тема: Испраќање порака преку кадрирањето

При фотографирањето, начинот на кој се врамува сниманиот субјект го искажува ставот на преносителот на пораката. Термините ракурс (висина од која се снима), ширина на објектив (оптичката леќа поставена на камерата), осветлување, како и стабилност на кадарот ќе бидат разгледани од аспект на тоа каков резултат даваат и како можат да бидат користени за да се испрати посакуваната порака.

Што ќе научиш?

  • Да создаваш различни кадри од истиот субјект од кои секој ќе пренесува поинаква порака и емоција;
  • Да го разбереш концептот на визуелно раскажување;
  • Да раскажеш приказна со слики која ќе остави емотивен и интелектуален печат врз гледачот;
  • Да ги препознаваш суптилно испратените пораки во медиумите;
  • Да развиеш основни универзални вештини за фотографирање.

Теми:

  • Фотографијата како алатка за создавање емоција (основи на камера);
  • Создавање концепт за фотографија (мотивација и креација);
  • Фотографирање според подготвените концепти;
  • Обработка на фотографијата;
  • Проекција на фотографиите и јавна дискусија.

Времетраење: 5 дена по 2 часа

За време на работилницата, ќе треба да направиш 3 фотографии од ист субјект од кои секоја ќе има поинаква емотивна порака. Преку кадрирањето ќе треба да покажеш дека ги разбираш основите на фотографските алатки – ракурс, светлина и ширина на објектив.

Пријави се и избери ја работилницата „Фотографија“ со пополнување на ОВАА ПРИЈАВА.

Најдобриот производ од работилницата ќе биде награден, а сите учесници ќе добијат сертификати. Работилницата се организира од Институтот за комуникациски студии (ИКС) и ИРЕКС во рамките на проектот за медиумска писменост на УСАИД, „Младите размислуваат“.