Вести |

Се одложува „ Биди медиумски активен/а “

feat-img

Објавата на прилозите на шесте средношколски тимови се пролонгира поради новонастанатата ситуација со пандемијата. Европската комисија ја одложи Европската недела на медимска писменост 2020, па ИКС во координација со Делегацијата на Европската Унија во земјава одлучи привремено да ги стопира активностите предвидени со конкурсот „Биди медиумски активен/на“. Одложен е и завршниот настан што требаше да се одржи на 27 ми март во Скопје.

Шесте средношколски тимови ги изработија новинарските приказни што ги работеа под менторство на новинари од медиумите-партнери.

Во меѓувреме, до редакцијата на „Медиум“ стигнуваат различни содржини од ученици и професори кои ни даваат предлози што може да се прави при #СедиДома околности.

 

Поврзани вести:

Учениците-новинари се на терен

Избрани шесте средношколски новинарски тимови на конкурсот „Биди медиумски активен/а“