Вести |

Средношколски камп за еко-новинарство

feat-img

Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ од 08 до 10 јуни организира средношколски камп за еко-новинарство во Струмица.

На кампот средношколците ќе учат кои се разликите помеѓу дневното новинарство и еко-новинарството, како се фотографира жив свет, како се прават фото приказни, што е екологија и животна средина и како се известува овие теми. Стекнатите знаења ќе ги применат на терен преку изработка на фото приказни за животната средина и биодиверзитетот во Струмичкиот регион.

Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весникот „Медиум“.