Средношколски камп за медиумска писменост
Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“ од 11 до 14 јуни ќе организира средношколски медиумски камп во Штип.
На кампот средношколците преку практична работа со професионални новинари и медиумски работници ќе учат како се прават видео прилози, фото приказни и како се подготвува телевизиска емисија. Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весникот „Медиум“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.