Вести |

Средношколците најчесто препознаваат дезинформации во здравството и политиката

feat-img

Дезинформациите најчесто ги препознаваат во ударните и бомбастични наслови на социјалните мрежи велат учениците од средното медицинско училиште од Гостивар на работилницата: „Техники на новинарско пишување и препознавање на дезинформации“. Работилницата ја организираше Институтот за комуникациски студии на 26 октомври во рамки на Денови на медиумска писменост 2022 во СОМУ „Гостивар“.

Најголем дел од мрежите на кои што се младите како Тик-ток и Инстаграм преставуваат плодно поднебје за споделување на лажни видеа и фотографии е искуството на учениците од ова училиште. А токму во областа од медицината, односно во информациите поврзани со пандемијата со КОВИД-19 и во политиката најчесто ги препознаваат лажните вести.

Даница Среткоска и Рамизе Рамадани ученички од ова училиште велат дека ваквите работилници за медиумска писменост освен што ќе им ги подобрат вештините за пишување, ќе им помогнат и како да ги проверат информациите кои се пласираат на традиционалните и дигиталните медиуми а особено на социјалните мрежи. „Работилницата ми помогна како да напишам вест одговарајќи на главните новинарски прашања и како да препознам лажна вест“, вели средношколката Рамадани.

Настанот е дел од проектот „Користи факти“ и се приклучува како активност на Денови на медиумска писменост 2022 кои ги организира Мрежата за медиумска писменост.