Вести |

В четврток доделување на наградите за „Изрази се преку медиумите“

feat-img

До 29ти април на адресата на www.medium.edu.mk пристигнаа педесетина пријави од средношколци кои учествуваа на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Изборот на најуспешните автори ќе биде познат в четврток, 10 мај 2018 г. во 13:30 ч., кога комисија составена од предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари од дневниот весник „Нова Македонија“ ќе ги соопштат добитниците на наградите. Свеченото доделување ќе се одржи во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, каде што ќе има изложба на најдобрите фотографии и постери, а ќе се емитуваат и најуспешните видеа пристигнати на конкурсот.