Вести |

Високата школа за новинарство и „Нова Македонија“ одржаа медиумска лабораторија во Виница

feat-img

Триесетина ученици од средното училиште „Ванчо Прке“ во Виница учеа како се пишува новинарска вест, како се прави весник и како работи една редакција на печатен медиум. Во заедничка интеракција целата група симулираше работа во медиум, функционирајќи како една новинарска редакција.

Овие еднодневни новинарски работилници ги организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, кој е финансиран од Европската Унија.

Работилниците се организираат на месечно ниво. Средните училишта кои се заинтересирани да бидат домаќини можат да се пријават на интернет-адресата [email protected]