Започна средношколскиот камп за медиумска писменост
Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“ го почнаа средношколскиот медиумски камп во Штип.
На кампот кој ќе трае до 14 јуни средношколците преку практична работа со професионални новинари и медиумски работници ќе учат како се прават видео прилози, фото приказни и како се подготвува телевизиска емисија.
Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весникот „Медиум“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.